Откриено што им порачал Меси на соиграчите во автобусот по шокантниот пораз од Саудиска Арабија

by
1 минути читање

Аргентина
пристигна во Катар како еден од фаворитите за трофејот, ова веројатно ќе биде
последното Светското првенство на Лео Меси, па тоа се гледа како дополнителен мотив за успех.

Но „гаучосите“
имаа кошмарен старт и неочекувано загубија од Саудиска Арабија и тоа откако
поведоа со 1-0, и дозволија противникот да им направи пресврт во второто
полувреме.

Како што пренесува
Кларин, во соблекувалната сите „биле мртви“, поразот бил свеж па Лео Меси не проговорил ништо, но им се обратил на соиграчите
во автобусот, на патот кон Националниот Универзитет на Катар, каде престојува
делегацијата на Аргентина.

Тој им порачал
дека сега ќе треба да покажат од што е направена оваа група, дека е време да
бидат посилни од било кога, и да не се плашат од тоа што носи иднината.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани