Откриени платите на Ибрахимовиќ и Погба како и провизијата на Рајола

by
2 минути читање

На основа на
истражувањето кое го спроведоа новинарите Рафаел Бушман и Михаел Вулцингер од
Шпигел, оваа недела во Германија ќе биде објавена книгата Фудбал Ликс:
Валканиот бизнис во фудбалот.

Англискиот весник
Дејли Мејл вели дека добил копија и ексклузивен пристап до сториите, па реши да
ги објави платите на Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба во Манчестер јунајтед, како
и огромната провизија на Мино Рајола.

Златан
Ибрахимовиќ има основна плата од околу 19,11 милиони фунти, и со 367.640 фунти
неделно, тој е играчот со најголема плата во историјата на
Премиерлигата.

Швеѓанецот оваа
сезона ќе добие и бонус од околу 2,86 милиони фунти.

Најскапиот
фудбалер во историјата, Пол Погба има пак прилично скромна основна плата од
само 8,61 милион фунти, или 165.588 фунти неделно.

Но Французинот
следната година ќе добие бонус за лојалнос од 3,46 милиони фунти, а од сезоната
2018/19 оваа сума ќе порасне на 3,78 милиони фунти.

Платата на Пол
Погба исто така ќе порасне за 1,875 милиони фунти доколку Манчестер јунајтед се
пласира во Лигата на Шампионите.

Фудбалерот добива и околу 2,87 милиони фунти за имиџ права, сума која во иднина ќе
порасне на 3,125 милиони фунти.

За улогата во
најскапиот трансфер во историјата, Мино Рајола инкасирал огромна провизија од
нешто над 41 милион фунти.

Агентот добил
речиси 23 милиони фунти од трансфер сумата, а ќе „лапне“ и пет исплати од
Манчестер јунајтед во вкупна вредност од околу 16.39 милиони фунти.

„Црвените Ѓаволи“
исто така на Мино Рајола му исплатиле 2,2 милиони фунти, сума која Погба ја должел
на една од агенциите на агентот основана во Монако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани