233
Aлваро Арбелоа седна на клупата на Реал Мадрид како привремено решение, но според последните информации тој би можел да остане и подолго.
Реал Мадрид со него доживеа елиминација од Купот на Шпанија од второлигашот Албасете, сепак во овој момент по 24 кола Реал е лидер во Ла Лига.
Имено, извори блиски до Арбелоа сега откриваат дека Шпанецот има договор со клубот да остане и до крајот на наредната сезона, па така Реал може и да не доведе ново име на клупата во текот на летото како што претходно се најавуваше.
Сепак, нема дилеми дека сетоа најмногу ќе зависи од резултатите, а денес тимот го очекува нов предизвик првиот натпревар од двомечот со Бенфика во плеј-офот за Лигата на шампионите.