Откриени непознати детали: Модриќ можел многу порано да се пресели во Италија, ривал на Милан бил блиску да го доведе

by Стефан
1 минути читање

Лука Модриќ и во актуелната сезона прикажува одлични настапи во дресот на Милан, каде што се пресели по успешната епизода во Реал Мадрид, но хрватскиот маестро можел многу порано да заигра во Италија.

Во разговор за „Ла Стампа“, поранешниот спортски директор на Наполи, Пјерпаоло Марино, откри дека уште во раната фаза од кариерата го препознал талентот на Модриќ, додека тој настапуваше за Динамо Загреб, но трансферот никогаш не се реализирал.

„Тогаш не беше познат и ја почнуваше својата кариера. Сакав да го доведам вво Наполи, но на крајот бирократските проблеми го спречија трансферот“, изјави Марино.

Марино ја извршуваше директорската функција во Наполи во периодот од 2004 до 2009 година, а токму за време на неговиот мандат на „Сан Паоло“ пристигна и Марек Хамшик, кој подоцна израсна во една од најголемите легенди во историјата на клубот од Неапол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×