196
Иако прво изгледаше дека трансферот на Канте во Фенербахче пропадна на крајот тој се реализираше, а сега се откриваат и детали.
Имено, Французинот со турскиот гигант потпиша договор до 2028 година и ќе добие одлични финансиски услови. Само за потписот турскиот гигант му исплатил 14.4 милиони евра, а до крајот на сезоната ќе заработи уште 5.5 милионми евра.
За наредната две сезони 2026/2027 и 2027/2028 платата ќе му биде 11 милиони евра по сезона.
Така нема дилеми дека и покрај тоа што ја напушти Саудиска Арабија каде што имаше голем договор, Канте и тука одлично ќе заработува. Ќе потсетиме, во спротивен правец во Ал Итихад се пресели Ел Несири.