Спорт ги открива деталите од првата понуда на Барселона за трансфер на Дани Олмо, РБ Лајпциг ќе се изначекал со години додека да ја добие сумата од 60 милиони евра.
Вчера беше објавено дека Барселона испратила прва понуда до РБ Лајпциг за трансфер на Дани Олмо, на маса бил ставен предлог вреден 60 милиони евра (40+20) но „биковите“ веднаш го одбиле.
Весникот Спорт сега ги открива деталите и станува јасно зошто раководството на РБ Лајпциг без размислување кажало НЕ.
Барселона понудила фиксниот дел од 40 милиони да биде платен на 4 рати од по 10 милиони евра, со што првата исплата ќе биде во 2025 година.
Што се однесува до бонусите, едниот бонус е вреден 10 милиони евра за две освоени титули во Ла Лига до 2029 година, додека вториот бонус е вреден 10 милиони евра за две освоени титули во Лигата на шампиони до 2029 година.
Па РБ Лајпциг ќе се изначекал додека да ја добие сумата од 60 милиони евра, и прашање е дали ќе ја добиеl целата сума.
„Биковите“ сакаат загарантирани 60 милиони евра, и парите да ги добијат веднаш со цел да можат да донесат соодветна замена.
Во меѓувреме се појавија информации кои велат дека Манчестер Сити наскоро ќе достави понуда, се шпекулира дека предлогот на „граѓаните“ ќе биде тежок 60 милиони евра и со далеку поповолни услови за плаќање.