Жозе Мурињо
деновиве е актуелен поради богатата понуда која ја добил за преселба на
Далечниот Исток. Португалецот можел да стане најплатениот тренер во светот на
фудбалот, но го одбил предлогот на Гуангжу Евергранде поради тоа што не сакал
да се раздели од семејството.
Медиумите од
Англија сега откриваат детали од понудата која „специјалниот“ ја имал на маса.
Скај Спортс, Телеграф и ЕСПН пренесуваат дека Жозе Мурињо кажел НЕ на 100
милиони евра.
Кинезите на
Португалецот му понудиле тригодишен договор и плата од 30 милиони евра по
сезона како и бонус од 10 милиони евра, но и покрај лудата сума, тој културно
го одбил предлогот.
Извештаите велат
дека Жозе Мурињо во април во Лондон се сретнал со генералниот извршен директор
на групацијата Евергранде и еден од најбогатите луѓе во Кина, Ксу Џиајин и
тогаш било разговарано за можноста стратегот да го превзеде кормилото на
Гуангжу.