Кике Сетиен е
изборот на Барселона за наследник на Ернесто Валверде, Жозеп Бартомеу и
неговите соработници имаа неколку имиња на листата со желби и на крајот изборот
падна на поранешниот тренер на Бетис.
Тој доби
договор до 2022 година, но според пишувањата на медиумите од Шпанија,
„каталонците“ се штитат со две клаузули.
РАЦ 1 пренесува
дека договорот всушност е на шест месеци + една година со опција за додатни
12 месеци. Соработката вака е структурина за Барселона да може да се раздели со стратегот веќе по крајот на сезоната доколку тој не се покаже во
следните месеци.
Опцијата за
додатни 12 месеци пак е поврзана со претседателските избори во 2021, победникот
ќе треба да одлучи дали ќе го задржи Кике Сетиен или пак со себе ќе донесе нов
тренер.