Откриени детали од договорот на Донарума со Сити тежок фантастични 80 милиони

by bojan
1 минути читање
Донарума пред заминување, ПСЖ го ангажира Шевалие

Медиумите од Италија објавија детали од соработката на Џиџо Донарума со Манчестер Сити, договорот е тежок 80 милиони евра, но лесно може да стане и 100 милиони евра.

Во последниот ден од преодниот рок, Џиџо Донарума го напушти ПСЖ и се пресели во Манчестер Сити.

Медиумите од Италија сега откриваат повеќе детали од соработката, договорот со трајност до јуни 2030 е тежок 80 милиони евра.

Основната плата на Џиџо Донарума ќе биде 15 милиони евра, а со бонуси може да скокне до 18 милиони евра.

Два од бонусите се поврзани со успехот на тимот, односно се активираат со триумф во Премиерлигата и Лигата на шампиони.

Третиот бонус е поврзан со индивидуалните перформанси, и бројот на натпревар без примен гол.

Во договорот исто така има и опција за продолжување на соработката за дополнителни 12 месеци, односно до 2031 година, и во тој случај, основната плата ќе му порасне за дополнителни 1 милион евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×