Евертон пред
неколку години започна амбициозен проект да фати приклучок со водечките екипи,
беа инвестирани неколку стотици милиони фунти во нови засилувања но клубот никако
не успеваше да дојде до добри резултати. Беа променети и неколку тренери, а по
слабиот старт во сезоната, сега отказ доби и Марко Силва.
Карло Анчелоти се
најавува како нов предводник, и за да го привлечат Италијанецот, „карамелите“
нудат луди услови.
Според пишувањата
на Сан, стратегот на маса има договор вреден 11,5 милиони фунти годишно, со кои би
станал еден од најплатените во Премиерлигата зад Пеп Гвардиола, Жозе Мурињо и
Јирген Клоп (кој неодамна ја продолжи верноста со Ливерпул).
Како оваа сума да
е малку, па на Италијанецот му е ветена и премија доколку обезбеди опстанок во
Премиерлигата. Евертон иако има абиции за врвот на табелата, на Карло Анчелоти
ќе му исплати додатни 2,5 милиони фунти за избегнување на долните три позиции.