Откриена тајната зад високата победа на Баерн над Челси, играчите пиелe виски и пиво!

by
1 минути читање

„Баварците“
синоќа го надиграа Челси среде Лондон, триумфираа со 0-3 и со една нога веќе се во четвртфинале од Лигата на шампионите. Победата изгледа уште поимпресивна по
неверојатната приказна која ја раскажа Џон Бон Џови.

Светската рок
ѕвезда како гостин на Токспорт откри дека во понеделникот вечерта имал некоја
работа во хотелот во кој престојувала и експедицијата на Баерн Минхен и во
барот седел со фудбалерите кои пак се релаксирале со виски и пиво.

„Имав некоја
работа и во барот ги сретнав играчите на Баерн. Со помош на виски и пиво го
надиграа Челси. Не се шегувам, со сигурност тврдам дека момците од Баерн пиеја виски и убаво се
забавува, и потоа истрчаа на теренот и го растурија Челси“
– вели Џон Бон Џови.

„Со ова сигурно
ќе им направам големи проблеми на сите!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×