Филипе Кутињо во
јануари 2018 се пресели во Шпанија, Барселона за неговите услуги плати рекордни
160 милиони евра. Бразилецот сепак никогаш не блесна на Камп Ноу и се говори
дека летоска тој ќе биде продаден.
ЕСПН направи
анализа за слабите перформанси на плејмејкерот и го постави прашањето зошто тој
не ги прикажува партиите кои многумина ги очекуваа?
„Неверојатно е
тоа што Бразилец се мачи во место како Барселона, каде секоја година преку 300
дена се сончеви, а беше извонреден во Ливерпул, каде врне 300 дена во годината“
– извор близок до играчот вели за ЕСПН.
Анализата како
главен проблем го посочува тоа што Филипе Кутињо игра како лево крило, како дел
од триото во нападот (покрај Меси и Суарез) а не по средината. Како одминува
времето, Филипе Кутињо се повеќе се мачи, често беше седнуван и на клупа, па со
тоа се повеќе му паѓа и самодовербата, која е важен елемент
„Игра по лево во
нападот, но може и треба да игра по средина. Тој е креативец, но за Барселона
да ја задржи формацијата 4-3-3, мора да игра странично. И секако, таму се мачи.
Малку по малку, ја губи самодовербата и без самодоверба вие сте никој на
теренот, без разлика како се викате“ – вели поранешниот спортски директор на
Барселона Роберт Фернандез, кој беше задолжен за трансферот на Бразилецот.
Жителите на
Кастељдефелс, каде живее Филипе Кутињо со неговото семејство, пак имаат друга
теорија. Тие на шега велат дека фудбалерот не може да блесне бидејќи живее во
проколната куќа.
Луксузниот имот е
во сопственост на Секс Фабрегас, кој откако го купил, само неколку месеци
подоцна бил продаден на Челси. Претходно таму живеел и Томас Вермален во периодот кога мака
мачеше со повредите, а во куќата престојувал и Андре Гомеш по трансферот од Валенсија во Барса.
Португалецот никогаш не се снајде на Камп Ноу и сега игра на позајмица во
Премиерлигата, во редовите на Еспањол.