Бразилецот со шпански пасош синоќа откри дека Антонио Конте по смс го известил дека не е дел од неговите планови за сезоната 2017/18.
Според пишувањата на Марка, односот помеѓу двајцата е нарушен уште од ноември.
Причина за ова е средбата на Диего Коста со Диего Симеоне, на која се договарало враќање на напаѓачот во Атлетико Мадрид.
Голгетерот за состанокот со својот поранешен ментор дури се пофали и на социјалните мрежи.
Антонио Конте и Диего Коста потоа имаа жестока расправија на почетокот од годината, кога играчот на маса имаше богата понуда од Кина.
Oстанува да се види каде Диего Коста ќе ја продолжи кариерата, Атлетико Мадрид во моментов има забрана за трансфери.
ПСЖ и Милан исто така се опции, како и неколку клубови од Кина.