Медиумите од Бразил откриваат каква платa прифатил Нејмар во Сантош, основниот дел кој ќе го добива напаѓачот секој месец ќе изнесува нешто над 160.000 евра.
На почетокот од оваа недела, Нејмар го раскина договорот со Ал Хилал и се очекува во скоро време да се врати во Бразил и да потпише со Сантош.
Медиумите сега откриваат повеќе детали од оваа соработка и пренесуваат дека Нејмар во следните шест месеци ќе игра за „ситни“ пари.
Основниот дел од неговата плата ќе биде околу 1 милион бразилски реали месечно, или нешто над 160.000 евра.
Нејмар сепак ќе поседува 90% од своите имиџ права, па со ова неговите примања ќе бидат и до 5-6 милиони бразилски реали месечно, или помеѓу 800.000 и 950.000 евра месечно.
Бразилецот доби огромна исплата од Ал Хилал како дел од договорот за предвремен прекин на соработката, па овие пари од Сантош му се само мал бонус.