Медиумите од Италија ја открија платата која ПСЖ му ја понудил на Квича Кварацхелија, фудбалерот од Грузија има предлог тежок околу 9 милиони евра по сезона.
Квича Кварацхелија, преку неговиот агент Мамука Југели и неговиот татко Бадри, побара да го напушти Наполи.
Се верува дека зад ваквиот потег стои ПСЖ, и медиумите од Италија сега ја откриваат платата која му ја понудиле „светците“ на Грузиецот.
Офанзивниот фудбалер на маса има предлог тежок околу 9 милиони евра по сезона за преселба во Париз.
Оваа сума е двојно поголема од тоа што Наполи му го нуди, односно нова соработка со плата од 4,5 милиони евра по сезона.
Што се однесува до понудата која ПСЖ ја испратил до Наполи, таа била вредна околу 100 милиони евра, но Аурелио Де Лаурентис без размислување ја одбил.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.