Откриена листата со желби на Жозе Мурињо

by
2 минути читање

По триумфот во Лига Европа, Жозе Мурињо изјави дека уште пред два месеци до
Ед Вудворд ја доставил листата со желби.

Па медиумите од „Островото“ сега објавуваат кои имиња се наоѓаат на спискот
кој го стокмил „Специјалниот“.

Португалецот летоска ќе бара квалитет а не квантитет, и планот е да се
донесат четири нови играчи.

Прва цел е Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, „Црвените Ѓаволи“ се спремни
да ја платат неговата откупна клаузула вредна 100 милиони евра.

Жозе Мурињо сака и втор напаѓач, а желби се Ромелу Лукаку од Евертон и
Андреа Белоти од Торино.

Фудбалер од средниот ред исто така е на агендата, а имињата се Тимуе
Бакајоко од Монако, Немања Матиќ од Челси и Ерик Даер од Тотенхем.

За засилување на одбраната како опции се Мајкл Кин од Барнли и Рафаел Варан
од Реал Мадрид.

Доколку Давид Де Геа замине во Реал Мадрид, ќе се купува и нов голман, а
прва опција е Јан Облак од Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани