„Кралевите“ синоќа приредија нова спектакуларна ноќ во Лигата на шампиони, и со два гола во три минути направија магичен пресврт за победа од 2-1 над Баерн Минхен и пласман во финалето.
Херој на натпреварот беше Хоселу, кој влезе во игра во 81. минута и два пати ја тресеше мрежата на Нојер за огромно славје на „Бернабеу“.
Медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека голема заслуга за кам-бекот има и Давиде Анчелоти, синот на Карло Анчелоти.
Анализата која ја направи Мувистар се вели дека во завршницата од мечот, Карло Анчелоти со фрустрирано лице се свртел кон клупата и се мислел каков потег да повлече, а Давиде му дофрлил, „Хоселу“.
Кратко потоа, Карло Анчелоти му наредил на Хоселу да престане со загревање и да се подготви за влегување во игра, се останато е историја.