Реал Мадрид славеше над Валенсија со 2-0, но и во овој натпревар во таборот на „кралевите“ не беа задоволни од арбитражата, а тоа јасно го покажа и Килијан Мбапе во еден момент.
Имено, Мбапе не можеше да се разбере како му било досуден офсајд, па се одлучи да разговара со четвртиот судија.
Како што може да се види и на снимките на социјалните мрежи, Мбапе доаѓа до судијата и му вели:
„Како може тоа да биде офсајд“, додека судијата кратко му возвраќа: Ќе разговараме внатре.
Сепак, тој одговор не го задоволи францускиот голгетер.
„Не разбирам. Ми велиш ќе разговараме внатре, а потоа не разговараш со мене“, возвратил напаѓачот.
Ќе потсетииме, Мбапе во финишот од дуелот со Валенсија постигна гол со кој го потврди триумфот.