Откриен планот на Чаби Алонсо, познато што одлучил

by Стефан
1 минути читање

По отказот од Реал Мадрид, Чаби Алонсо сè уште не планира брзо враќање во тренерските води. 44-годишниот Шпанец помина само седум месеци на клупата на „кралевите“ и водеше 34 натпревари пред да биде сменет, а иако веќе се поврзува со неколку клубови, вклучувајќи и екипи од Премиер лигата, Алонсо нема да брза со новата работа, пишуваат медиумите во Шпанија.

Тренерската репутација на Алонсо значително порасна откако го предводеше Баер Леверкузен до титула во Бундеслигата во сезоната 2023/24, која ја заврши без ниту еден пораз во германското првенство. По таков успех, не се очекуваше долго задржување во Леверкузен.

Поранешниот шпански репрезентативец и светски шампион доби шанса за враќање во Мадрид во летото 2025 година, кога го прифати предизвикот да го предводи Реал Мадрид, клуб за кој како играч запиша 236 настапи. Сепак, неговото враќање на „Сантијаго Бернабеу“ не се одеше според планот. Според дел од медиумите, Алонсо имаше конфликти со клучни фудбалери како Винисиус Жуниор и Џуд Белингам, по што беше разрешен.

Сега, Алонсо е без работа и го чекаат нови понуди. „Тајмс“ пишува дека поранешниот играч на Ливерпул е заинтересиран за Премиер лигата, каде што помина пет години како играч на „црвените“.

Се шпекулираше и за можно враќање на „Енфилд“, со оглед на неизвесната иднина на Арне Слот, но засега Алонсо не претставува закана за Холанѓанецот. Најавите во воој момент се дека планира да одмори и внимателно да ги разгледа сите понуди од јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×