Откриен изгледот на новиот дрес на Барселона

by Стефан
1 минути читање

Актуелната сезона се уште не е пред крајот и има уште многу да се игра, но сега во јавноста се појави фотографија од дресот кој би можела да го има Барселона наредната сезона.

Наредната сезона дресот на каталонскиот гигант ќе го изработува „Најк“ и според најавите каталонскиот гигант одлучил да се врати на традицијата.

Новиот дрес на Барселона би можел да биде со риги во вертикална позиција како што навикнавме да ја гледаме Барселона во минатото.

Навивачите според коментарите на социјалните мрежи имаат поделени мислења.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани