Откриенo колкава била разликата помеѓу Родри и Винисиус во трката за „Златната топка“ (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Родри

Весникот Л’Екип откри повеќе детали од изборот за најдобриот фудбалер во годината, Родри го победил Винисиус Жуниор со само 41 бод разлика.

На крајот од октомври месец, на гала церемонија во Париз беше доделена „Златната топка“ и оваа престижна индивидуална награда заврши во рацете на Родри од Манчестер Сити.

Изборот покрена голема дебата и полемики, многумина веруваа дека Винисиус Жуниор од Реал Мадрид требал да биде избран за најдобриот фудбалер во годината.

Весникот Л’Екип сега откри повеќе детали и објави дека Родри го победил Винисиус Жуниор со само 41 бод разлика.

За победникот гласале 99 новинари (не гласал новинарот од Сирија) и сите одбрале 10 имиња, со тоа што се доделуваат 15, 12, 10, 8, 7, 5, 4. 3, 2 и 1 бодови од прво до десето место.

Родри на крајот собрал 1.170 бодови, додека пак Винисиус Жуниор 1.129 бодови.

Пет новинари не го вметнале Родри помеѓу најдобрите десет, додека пак во случајот на Винисиус Жуниор, тоа го сториле тројца новинари.

Покрај Роди и Винисиус Жуниор, уште седум други фудбалери барем еднаш биле одбрани како прв избор: Белингем (5), Карвахал (4), Крос (2) а по еднаш биле Мбапе, Халанд, Мартинез и Лукман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани