Откриени првите зборови кои ги кажал Бове кога се разбудил утрово

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Ла Република, Едоардо Бове кажал „Во благодарам на сите“ како први зборови кога се разбудил утрово.

Локалниот весник Ла Република објави нови детали за состојбата на Едоардо Бове, кој синоќа се сруши на теренот на натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер.

Утрово фудбалерот бил екстубиран (отстранување на ендотрахеална цевка која била поставена за дишење) од лекарите по мирната ноќ која ја поминал во болница, а неговите први зборови биле: „Ви благодарам на сите“.

Ла Ребулика исто така додава дека Едоардо Бове вчера бил реанимиран во возилото за брза помош на патот кон болница.

Претходно, Скај Спорт објави дека Едоардо Бове утрово бил буден, имал јасна и логична мисла и одговарал на прашања од докторите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×