Отказот на Конте најскап во историјата на англискиот фудбал, еве колку платил Челси за разделбата со тренерот

by
1 минути читање

По две години соработка, Челси го разреши Антони Конте во јули 2018. Разделбата не беше пријателска, Италијанецот се закануваше со тужба и браше да му се иплатат десетици милиони на име на обесштетување додека пак „сините“ обвинуваа дека тренерот ги прекорачил своите овластувања и му нанел штета на клубот.

Целиот случај заврши пред суд а Антонио Конте го доби спорт. Сега е познато колку милиони чинел отказот. „Сините“ го објавија финансискиот извештаj за сезоната 2018/19 и во него има ставка вредна 26,6 милиони фунти за промена на првиот тренер, неговиот персонал како и правните трошоци.

Оваа сума значи дека отказот на Италијанецот е најскап во историјата на англискиот фудбал. 

Откако Роман Абрамович го купи Челси, Русинот за откази на тренери има потрошено преку 90 милиони фунти, или пари потребни за едно засилување од светска класа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×