Отказот на Анчелоти посилно го тресе столчето на Монтела

by
1 минути читање

Болниот пораз на гостувањето кај ПСЖ само ја прелеа чашата кај раководството на Баерн Минхен кое од поодамна го имаше подготвено отказот за Карло Анчелоти.

Италијанскиот стратег и германскиот клуб ја завршија приказната, а таа ги израдува навивачите на Милан.

Новите газди на Милан инвестираа многу во летниот преоден рок, речиси комплетно го промениjа тимот, но резултатите и игрите на „росонерите“ не се совпаѓаат со очекувањата на фановите.

Веќе се говори дека Монтела наскоро би можел да добие отказ, а како еден од потенцијалните наследници се споменува Карло Анчелоти.

Aнчелоти осум години беше тренер на Милан во кои два пати ја освои Лигата на шампионите и еднаш триумфираше во Серија А. Тој и фудбалската кариера ја заврши на „Сан Сиро“, пет години играше во црвено-црниот дрес.

Навивачите на Милан го сакаат Карло Анчелоти „дома“, а отказот од Баерн Минхен ќе го зголеми притисокот врз Винченцо Монтела пред кој се два тешки дуели во Серија А со Рома и Интер.

Ако Карло Анчелоти не планира да прави пауза и има желба да се врати во Италија, јасно е што следува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани