18
По откажувањето на Финалисима, Аргентина закажа пријателски меч против Гватемала кој требаше да се игра на Ла Бонбонера, но дуелот е откажан поради правила на ФИФА.
Правилата на ФИФА велат дека една репрезентација не може да игра натпревари на два континенти за време на една репрезентативна пауза.
Гватемала во престојната репрезентативна пауза има закажано пријателски натпревар против Алжир кој ќе се игра во Италија, а тоа значи дека со лет во Јужна Америка би го прекршиле правилото на ФИФА.
Аргентина сака да одигра барем еден пријателски натпревар во овој прозорец, но засега нема противник.