Откажан трансферот на Бејл во Кина, Зидан можеби не го сака Велшанецот но Перез не го пушта за без пари

by
1 минути читање

Герет Бејл ниту на небo, ниту на земја. Велшанецот не е дел од плановите на Зинедин Зидан и треба да си најде нов клуб. Тој конечно се договори со Џиангсу Сунинг и прифати да се пресели во Кина, но сега Реал Мадрид го блокира неговиот трансфер.

Голем број на извори пренесоа дека бордот на „кралевите“ не дава зелено светло. Флорентино Перез верува дека напаѓачот вреди многу и не може да биде пуштен за без пари.

Реал плати околу 100 милиони евра за Герет Бејл кога го купи во 2013 од Тотнем, и иако најголемиот дел од оваа сумата (ако не и целата) е амортизирана, клубот од Мадрид бара да биде соодветно обесштетен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×