305
Хуи е претседател на Евергранде групацијата, една од најбогатите компании во Кина, тој е посветен во својата земја да изгради суперлига и да помогне кинезите да се квалификуваат на Светското првенство.
Хуи имал средба со Жозе Мурињо, а според медиумите тој сака Португалецот да го ангажира во својот клуб но и да го предложи за селектор на Кина.
По отказот од Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо чекаше понуда за да му се врати на фудбалот, но ниту еден голем европски клуб не тропна на неговата врата. Во моментов никој не бара нов тренер, па реална е можноста Португалецот да замине во Кина каде што сигурно добро ќе го наплати својот ангажман.