152
Ова лето Финансискиот фер плеј беше буквално изигран од ПСЖ кој успеа за 222 милиони евра да го донесе Нејмар и за 180 милиони евра да го купи Мбапе.
Однесувањето на ПСЖ наиде на лавина од реакции, а францускиот клуб даде пример како може да се „прелаже“ финансискиот фер плеј.
„Финансискиот фер плеј беше воведен за да донесе стабилност во фудбалот и беше успешен. Но времето се промени“ – вели Чеферин.
„Треба да го прилагодиме и да го модернизираме, да направиме нешто за баланс во натпреварувањето, бидејќи разликата помеѓу малите и големите клубови станува поголема и поголема“.
„Не мислам дека ќе го сопреме тој развој, но можеме да го забавиме. Треба да делуваме веднаш“.