Артуро Видал е на чекор до преселба на Камп Ноу. Чилеанецот ова лето доби одврзани раце од Баерн Минхен да си најде нов клуб и долго време се поврзуваше со преселба на Интер.
Се верува дека „Нероаѕурите“ си имаа подадено рака со играчот и со „Баварците“ ги пеглаа последните детали од договорот, но сега можат да извисат откако во последен момент пристигна понуда од Барселона.
Слично како со Малком кога го украдоа Бразилецот од Рома, „Каталонците“ тргаат во офанзива по потписот на Артуро Видал бидејќи другите зделки тапкаат во место.
Адриен Рабио и Пол Погба се опции за засилување на средниот ред, но зделките се комплицирани поради тоа што се потребни големи финансиски средства бидејќи ПСЖ и Манчестер јунајтед не планираат лесно да се разделат со фудбалерите.
Весникот Спорт пренесува дека шампионот на Шпанија веќе се има договорено со Артуро Видал, а во напредна фаза се и преговорите со Баерн Минхен, двата клуба се на чекор до договор за трансфер вреден 30 милиони евра.
Со слична сторија излегиа и Мундо Депортиво, РАК1, Марка и уште неколку извори. Па доколку Рабио во последен момент не успее да издејствува нешто и „Светците“ да прифатат понуда од Барселона, Артуро Видал наскоро ќе стане ново засилување за Ернесто Валверде.