Претставници на Пепе синоќа пристигнаа во Неапол на разговори со италијанскиот клуб, претседателот на Лил, Жерар Лопез потврди дека постојат реални шанси трансферот да се реализира. Се зависи од одлуката на играчот.
„Минатата година побаравме од Пепе да остане со ветување дека ќе го продадеме во овој преоден рок“, вели Лопез за „Тутоспорт“.
„Добивме понуди кои ги задоволуваат нашите финансиски барања. Де Лаурентис ја одобри нашата барана сума од 80 милиони евра“.
„Сега се зависи од фудбалерот каде ќе одлучи да оди. Зависи и од понудите кои агентите ги прибираат од другите клубови“.
„Пепе во понеделник се враќа од одмор и верувам дека ќе донесе одлука до средината на следната недела“.
Информациите од Италија велат дека Наполи му нуди плата од 4 милиони евра по сезона, плус бонуси со кои доаѓа до 5 милиони евра.