Барселона не успеа да ги регистрира Дани Олмо и Виктор Пау до завршувањето на годината, па така двајцата станаа слободни фудбалери.
Овој момент медиумите во Шпанија го искористија да потсетат на изјавата на Чави поради која доби отказ во Барселона.
Имено, тогаш Лапорта го избрка Чави поради јавното зборување за винансиската ситуација во клубот, но се покажа дека Шпанецот ја зборувал само вистината.
„Ќе повторам, ситуацијата во клубот е исклучително тешка. Не сме во добра ситуација за да се натпреваруваме на највисоко ниво. Ситуацијата во Барселона никогаш не била ваква, навивачите мораат тоа да го знаат и да го прифатат“, изјави Чави во мај.
Ќе потсетиме, Чави тогаш прво ја поднесе својата оставка, а потоа одлучи да остане за на крајот Лапорта да го принуди да замине.