Oсвои пет титули со Манчестер сити, а сега се пензионираше: Ми здосади да трчам 30 минути секој ден

by Стефан
1 минути читање

Бразилецот, Фернандињо и официјално стави крај на својата професионална фудбалска кариера.

„Веќе сум изморен. Ми здосади да трчам по триесет минути секој ден. Нема ништо во фудбалот што може да ме мотивира. Постигнав многу, уживав во секој момент. Сега е време да ѝ се посветам на семејството“, изјави Бразилецот.

Фернандињо своите први чекори ги направи во Атлетико Паранаенсе, а потоа се пресели во Шахтјор, каде што се задржа до 2013 година. Истата година пристигна во Манчестер сити и таму остави најдлабока трага.

Во деветте години поминати во „граѓаните“, ги освои сите можни домашни трофеи, пет титули во Премиер лигата, шест Лига купа, а единственото што му недостига е Лигата на шампионите, која му „избега“ во финалето во 2021 година по поразот од Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×