Освои два трофеи во ЛШ со Реал и се пензионира на 33 години – а сега е професионален рибар!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фабио Коентрао во 2021 година реши да ги закачи копачките на клин и се повлече од фудбалот.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Бенфика и Спортинг на 33-годишна возраст се реши за пензија. Во кариерата освои две титули во Лигата на шампионите, двапати беше шпански првак и вкупно крена девет трофеи.

Денес три години по пензионирањето Коентрао има нов бизнис. Тој е сопственик на три брода и се занимава професионално со риболов. Португалецот има фирма со 45 вработени која се занимава со лов и продажба на свежа морска риба.

Пасијата кон морето и риболовот Коентрао го има добиено од својот татко, а првиот брод го купи уште како фудбалер на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани