Претстојниов
викенд Леванте е домаќин во големото дерби на Валенсија, каде на домашен терен
го пречекува истоимениот противник во четвртото коло од шпанската Примера,
поточно во сабота со почеток од 13 часот.
22 годишниот македонски
интернационалец од редовите на Леванте, Енис Барди одлично се вклопи во новата
средина каде летово дојде од редовите на унгарски Ујпешт за сума од 1,5 милион
евра, а потпиша тригодишен договор со новиот клуб, со опција за продолжување на
дополнителни две години.
„Ова е Леванте,
ова е нашето семејство и ние играме на домашен терен, пред својата публика.
Одиме на победа на дербито против Валенсија“ најавува младиот фудбалер.
Барди одговори на
повеќе прашања од локалниот медиум во Валенсија кој го реализираше ова интервју
со Македонецот, меѓудругото откри кои клубови од Шпанија истовремено биле „загреани“
да го видат во своите редови.
„Имав и други
понуди од Шпанија, Гирона и Гетафе ме посакуваа во своите редови, но за мене
прва опција за Шпанија беше Леванте, клубот во кој дојдов ова лето беше многу
поконкретен од сите останати, фактот што беа толку сигурни во тоа дека сакаат
сериозно да сметаат на моите услуги, не ми даде воопшто простор за размислување“
открива Барди.
Во интервјуто
Барди додава дека да се игра во Примера за него е голем исчекор напред во
развојот на неговата кариера, а се решил да потпише за Леванте откако добро го
анализирал клубот, сметајќи дека истиот му дава одлична прилика за тоа.
Барди одигра два
натпревари во новата сезона од Примера, притоа постигна и еден гол засега, иако
се најавуваше како голема опасност за Реал Мадрид во претходното коло, сепак
мечот на „Сантијаго Бернабеу“ го проследи од клупата за резервни фудбалери,
неговиот тим извлече реми од ова гостување, а причината за неиграњето се чини
дека беше исцрпувачкиот распоред на Македонецот, кој имаше и репрезентативни
обврски, па тренерот на Леванте се реши да го одмори за тоа гостување.
Извор/Фото: valencia.eldesmarque.com