Поранешниот напаѓач на Рома, Дани Освалдо раскажува зошто го мрази Чезаре Прандели.
Освалдо кој има аргентинско и италијанско државјанство, настапуваше за Италија, иако беше одличен во квалификациите, не доби повик за настап на СП 2014 од Прандели.
„Постигнав шест или седум голови во квалификациите, бев прв избор и го имав бројот 10, но Прандели не ме викна на СП 2014 бидејќи весниците пишуваа дека сум Аргентинец а не Италијанец, тој требаше да викне некој друг“, вели Освалдо.
„Се надевам дека има ужасен период во овој карантин. Кога ми се јави и ме викна да одам кај него во Галатасарај, му реков нема да го направам тоа ниту за 50 милиони. Најлошиот дел беше што тој не ми ни кажа дека нема да бидам во составот за Светското првенство, тоа го дознав од медиумите. Плачев и сакав да умрам во тој момент, бидејќи заслужив да одам на турнирот во Бразил“.
Освалдо открива дека првично сакал да го одбие повикот да игра за италијанската репрезентација, но Хаинце го предомислил.
„Ми ѕвонеа и ме прашаа дали сакам да играм за Италија, реков ќе размислам за тоа. Бев во хотелска соба со Грабиел Хаинце во тоа време и тој ми рече: „Не биди идиот, јави им се пак и потврди им, тие носат Долче и Габана кога патуваат!“, Па се јавив и рекод ДА“.