Остварен прв контакт помеѓу Роналдо и Реал, еве што им порачал ЦР7 на „Кралевите“

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо
и челниците на европскиот првак Реал Мадрид веќе го оствариле првиот разговор по
повод најавите дека наводно Португалецот ќе си замине од клубот ова лето. 

Неофицијалните
информации кои пристигнуваат од Шпанија, велат дека наводно Роналдо демантирал
дека некогаш и некаде кажал дека сака да си замине од клубот, но признал дека
при една вечера со Португалската национална селекција, говорел на темата која
се чини многу го мачи во последниот период, проблемот со даночните обврзници во Шпанија.

Како главна
причина за наводната желба на Португалецот да си замине од Мадрид, подолг период се наведуваше
обвинението кое беше покренато против него за затајување на данок во износ од
14.7 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани