Оштетена ли е Хрватска? Франција од пенал до водство на полувремето! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Франција има водство од 2-1 против Хрватска во првото полувреме од финалниот меч од Мундијалот во Русија, следиме еден доста рамноправен меч, доста возбудлив како на едната, така и на другата страна.

Манџукиќ постигна
автогол, а Перишиќ брзо израмни,
сепак, во 38. минута Франција повторно се врати во водството.

Главниот арбитар
на средбата во Москва,  Питана мораше да
ја искористи ВАР технологијата за да се увери во тоа дали имаше игра со рака на
Перишиќ во казнениот простор на Коцкестите.

Аргентинскиот
арбитар по прегледувањето на снимките пресече дека тоа е пенал, а потоа Гризман
погоди за 2-1 надмудрувајќи го Субашиќ.

Со водство од 2-1, Триколорите заминуваат на паузата од големото финале, а одлуката на Питана дефинитивно ќе донесе и поделени реакции во фудбалската јавност.

Еве ги и првите два гола во првото полувреме…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани