433
„Црвените ѓаволи“
имаат фантастична репрезентација од голем број на играчи кои играат на највиско
ниво во Премиерлигата и се ѕвезди во своите клубови но откако потфрлија на
последните две големи натпреварување, Марк Вилмотс доби отказ.
На големо
изненадување, Роберто Мартинез беше назначен како негов наследник. Многумина ги
оспоруваа квалитетите на Шпанецот, но тој сега покажа дека е кадарен откако
испиша историја со одлуката во игра да ги вметне Насер Шадли и Маруан Фелаини.
Стратегот до толку ги погоди замените што за прв пат во
нок-аут фазата на Светските првенства, две замени во ист тим се запишуваат
во листата на стрелци.