711
Арсенал во летниот трансфер период го ангажираше Бернд Лено од Баерн Леверкузен, па Оспина го загуби и резервното голманско место во лондонскиот клуб.
Наполи имаше потреба од голман, не успеа да го купи Алисон, но во последен момент прашањето го реши со ангажман на Оспина.
Колумбиецот во следната сезона ќе игра на позајмица во Наполи но во договорот има опција и комплетно да биде откупен.