355
Осогово ќе води жестока битка за опстанок во Втората македонска фудбалска лига, кочанскиот клуб во овој преоден рок промовираше пет нови играчи кои ќе треба да го кренат нивото на тимот.
На стадионот „Никола Мантов“ денеска беа претставени новите засилувања, се работи за: Грегори Давков, Дамјан Стојковски, Владимир Жоглев, Давид и Кристијан Ристовски.
Подготовките под водство на новиот тренер Крсте Крстев се во тек, целта е што побрзо да се излезе од долниот дел на табелата.