174
Фудбалерите на Осогово иако играат во Втората македонска лига, за миг може да се почувствуваат дека настапуваат за некој голем европски клуб.
Денеска клубот на играчите им правеше професионална фото сесија, а на својот инстаграм профил напиша: „Кога втора лига си ја негуваме како Премиерлига“.