Осогово и Вардар во сабота играат хуманитарен натпревар

by riste
0 минути читање

Во сабота на 7. февруари на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одигра пријателски натпревар меѓу Осогово и Вардар кој ќе има хуманитарен карактер.

Натпреварот ќе се игра во чест и сеќавање на трагичниот настан од 16. март кој го зави Кочани во црно.

Сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележје – како траен симбол на почит и сеќавање.

Со цел да се соберат што е можно повеќе средства, Осогово и Вардар повикуваат на масовна посетеност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×