Осогово доминира и во светски рамки, Рома на твитер го промовираше кочанскиот клуб! (ФОТО)

by
1 минути читање

Во фудбалскиот клуб од Кочани се случуваат сериозни реформи, клубот граби кон пласман во втората лига и тоа го прави во голем стил. Осогово многу добро знае како да ги одржува социјалните мрежи, а денеска се случи нешто посебно.

Официјалниот твитер профил на Рома кој важи за еден од најдобрите, го промовираше Осогово. Тие напишаа: „Рома твитер тим на денот е ГФК Осогово, клуб од третата лига во Македонија. Формиран во 1924 година, клубот е од Кочани, град со само 35.000 жители. Еден од најактивните клубови на твитер во Македонија, целта на Осогово е да игра во првата лига до својот 100 роденден“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×