Османи во Тотре ја најде замената за Вујчиќ, познати се почетните состави за Тракаи – Шкендија

by
1 минути читање

Стратегот од
клупата на македонскиот вицепрвак, Ќатип Османи не менува ништо во однос на
поставеноста во формациската тактика, па така и на гостувањето во Литванија,
нашиот претставник ќе игра 4-2-3-1.

Од претходните
натпревари, единствен новитет во почетниот состав е Енур Тотре, кој е замената
за повредениот Вујчиќ кој се здоби со повреда на гостувањето кај Хелсинки во
Финска, во реванш мечот од претходната рунда квалификации.

Од останатите, во
почетните 11 се најде и Бразилецот Жуниор, кој се врати од повредата,
истовремено од првата минута во Литванија ќе почне и херојот за тетовските „црвено-црни“
на гостувањето кај Хелсинки, Челиковиќ.

На клупата за резервни фудбалери сепак се најде Мурати, кој по се’ се чини дека сеуште не е доволно опоравен од повредата, иако во пресрет на денешниот меч кој стартува во терминот од 18,30 часот, тренираше со поголем интензитет, заедно со Жуниор.

Почетен состав на
Шкендија
: Захов, Бејтулаи,
Алими, Цуцули, Ибраими, Тотре, Хасани, Челиковиќ, Радески, Жуниор и Тодоровски
.

Извор: uefa.com

Фото-вест: kfshkendija.com 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани