Османи: Не го заслуживме овој пораз, имаме шанси да го поминеме Розенборг

by
1 минути читање

Шкендија го одигра првиот меч од дуелот со Розенборг, по првите 45 минути имаше негатива од 3-0, но на крајот со гол на Жуниор се избори за надеж дека на домашен терен може да дојде до потребната победа.

Македонскиот шампион не заслужи пораз од два разлика, играта ветува, а тоа му дава простор за оптимизам на Османи иако резултатот не е поволен.

„Одигравме рамноправно со Розенборг и мислам дека не заслуживме ваков пораз. Примивме наивни голови а не реализиравме убави шанси. Но сигурен сум дека имаме шанси во Скопје, голот на Жуниор ни дава надеж. Се надеваме дека ќе имаме голема поддршка од трибините и со помош на навивачите ќе дојдеме до посакуваниот резултат“, вели Османи.

Реваншот меѓу Шкендија и Розенборг се игра во четврток со почеток од 20:15.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×