Кај Шкендија
ништо ново, барем во однос на почетниот состав со кој нашиот претставник ќе му
се спротистави на противникот од Финска, тој е речиси истиот од претходниот
двомеч против Дачија од Молдавија (7-0).
Стратегот од
клупата на вицепрвакот на Македонија, Ќатип Османи, се реши за следниот почетен
состав: Захов, Бејтулаи,
Алими, Цуцули, Ибраими, Хасани, Вујчиќ, Радески, Мурати, Жуниор и Тодоровски. Формациска поставеност на Шкендија 4-2-3-1.
Натпреварот помеѓу Шкендија и Хелсинки се игра на стадионот „Младост“ во Струмица, на истиот главен делител на правдата ќе биде Австриецот Маркус Хаметер.
Нашиот втор
претставник кој остана во ова натпреварување, тимот на Работнички со истиот
состав како и во претходното коло против Тре Пене од Сан Марино (7-0) ќе му се
спротистави на противникот од Белорусија, единствено во одбраната ќе
недостасува репрезентативецот на Македонија, Ванче Шиков кој замина од клубот и
продолжи во Тобол, прволигашот од Казахстан.
Шефот на
стручниот штаб на Работнички, Виктор Треневски со следните 11. Фудбалери ќе
истрча против Динамо Минск: Шишковски,
Митрев, Херера, С. Сахити, Дурански, Најденов, Велинов, Маркоски, Илиев,
Трајчевски и Рашо. Формациска поставеност на Работнички 4-3-3.
Мечот помеѓу
Работнички и Хелсинки се игра на „Тренинг Центарот Петар Милошевски“ во Скопје,
на истиот главен делител на правдата ќе биде Норвежанецот Арнолд Хантер.
Извор:
uefa.com