Екипата на
Шкендија утре на стадионот „Младост“ ќе ја пречека Дачија во рамките на првото
коло од квалификациите за пласман во групната фаза од Лига Европа.
Шефот на
стручниот штаб на македонскиот вицепрвак смета дека неговиот тим е подготвен за
големиот предизвик во Европа.
„Сигурно дека
сета концентрација на подготовките во Словенија ја имавме насочено кон настапот
во Лига Европа. Мислам дека Шкендија е подготвена за утрешниот меч, веруваме во
еден позитивен резултат“ истакна Ќатип Османи на денешната прес-конференција.
Капитенот на
тимот, Ферхан Хасани додаде дека Шкендија ја очекува тежок натпревар,
истовремено потенцираше дека во Европа нема лесни противници.
„Не очекува еден
тежок натпревар, имаме противник кој мораме да го почитуваме, Шкендија е
максимално подготвена за овој предизвик, знаеме дека натпреварите во Европа се
поинакви од оние во Македонија, таму нема лесни противници, ќе биде тешко…“
изјави Хасани.
Мечот помеѓу
Шкендија и Дачија стартува со почеток од 18 часот, што се однесува до
молдавскиот тим, тој веќе е на пат за Скопје од каде ќе патува до Струмица каде се игра утрешниот натпревар. Експедицијата на
Дачија тргна од Кишињев пред околу пет часа.
Фото: FC Dacia Chisinau (Facebook)