128
ПСЖ се радува во натпреварот од 17. коло на Лига 1 против Сент Етјен со 2-1 (2-0).
Дуелот на „Паркот на принцовите“ му припадна на домаќинот, а човек на одлука беше Осман Дембеле. Французинот ги постигна двата погодоци за својата екипа. Дембеле го отвори резултатот во 13. минута, а потоа во 21. реализира од белата точка за 2-0.
Следеше поништен гол на Баркола, додека во вториот дел Сент Етјен се радуваше на голот на Давиташвили, ама не успеа да режира кам-бек.
Во Лига 1 претходно Стразбур победи во Тулуз (1-2), Ленс слави кај Ле Хавре (1-2), а Анжер го совлада Монпелје (1-3).