Бразилецот Оскар решил да се врати во Сао Пауло и повторно да го облече дресот на клубот во кој дебитираше како професионалец, фудбалерот од средниот ред прифатил да игра за плата од околу 200.000 евра месечно.
Оскар во 2017 направи шокантен трансфер, го напушти Челси и се пресели во кинеското првенство, во редовите на Шангај.
По осум години поминати на истокот, Бразилецот на крајот од овој месец ја завршува авантурата во Кина, која му беше прилично успешна на финансиски план, за осум години заработи околу 200 милиони евра.
За следниот чекор во кариерата, тој се реши да се врати во Сао Пауло, клубот каде дебитираше како професионалец.
Парите веќе не му се проблем на 33 годишниот Бразилец, па тој за брзо време си подал рака со Сао Пауло и прифатил да игра за околу 200.000 евра месечно.