Осимен во јануари ќе има нова пониска откупна клаузула, но…

by bojan
1 минути читање
Осимен

Новинарот Чиро Венерато открива дека откупната клаузула на Виктор Осимен во јануари ќе изнесува околу 90 милиони евра, но таа нема да важи за клубовите од Серија А.

Наполи изминатово лето очајно бараше купец за Виктор Осимен, Челси и Саудиска Арабија најсериозно загризаа за услугите на напаѓачот, но пропаднаа и двете зделки.

Виктор Осимен на крајот беше испратен на позајмица во Галатасарај, но постои можност веќе во јануари да ја промени средината.

Новинарот на РАИ Спорт, Чиро Венерато открива дека во јануари Виктор Осимен ќе има нова пониска откупна клаузула и ќе може да биде купен за 90 милиони евра.

Сепак, оваа клаузула нема ва дажи за клубови од Серија А, неодамна се пишуваше дека Јувентус опипува терен за ангажман на напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани